Зидан веќе одби два гиганти, ја чека понудата од Италија за да го прекине одморот

Французинот Зинедин Зидан, најави дека од следната сезона ќе и се врати на тренерската работа, откако речеси две години одмора од фудбалот и сака кариерата да ја продолжи во Серија А. Тој има желба следен клуб да му биде Јувентус, каде помина неколку сезони како играч.

Зидан се надеваше дека во декември минатата година ќе биде назначен за селектор на Франција, но пласманот во финалето на СП што се играше во Катар, му донесе нов договор на Дидие Дешан.

Потоа доби две примамливи понуди од европски гиганти, но ги одби. Прво ја одби понудата на ПСЖ, а потоа и таа на Манчестер јунајтед бидејќи го чека повикот од Торино. Според „Тутоспорт“, Зидан е подготвен да седне на клупата на Јувентус дури и екипата да не игра следната сезона во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести