Ѕидар стана тренер благодарение на неверојатното искуство стекнато со видео играта „Фудбал менаџер“

„Фудбал Менаџер“ е една од најпознатите видеоигри на сите времиња. Тоа е игра која на многумина им го одбележа детството, а беше многу корисна и за дел од клубовите.

Благодарение на оваа игра, многу клубови најдоа квалитетни засилувања, а дел од оние кои ја играа, добија шанса и во реалниот живот да ги покажат своите квалитети за тоа какви менаџери се.

Последен таков пример е со извесен Ори Торисон од Рејкјавик (Исланд), кој има 27 години, а играјќи „Фудбал Менаџер“ поминал 13.700 часа. Тој доби шанса да го предводи тимот на Кнатспирнуфелаг Вестурбејак (КВ) кој игра во четвртата лига. Овој клуб е прославен клуб во Исланд, но во последните две сезони испадна од две лиги.

Торисон на „Фудбал Менаџер“ играјќи со Лестер успеал шест години по ред да биде првак во Премиер лигата, применувајќи ја формацијата 4-2-3-1. Се очекува со оваа формација сега да игра и во реалниот фудбалски свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести