Зијех ќе биде лут на УЕФА: Од мртов агол го оневозможи Кепа, но сепак е автогол (видео)

Ајакс e на добар пат да ја преземе контролата во групата Х и да избие на првото место по четири меча, бидејќи по првите 45 минути има сигурни 3-1 против Челзи. Копјаниците мотивирани да ја продолжат традицијата која трае од 1980 година, ги замолкнаа присутните на „Стемфорд бриџ“.

Холандскиот првак последен пат загуби од Нотингам форест (2-0) на англиско тло пред 39 години, а оттогаш е непоразен во последните шест гостувања.

По фуриозните 20 минути во кои се постигнаа три гола, Зијех се погрижи за двојна предност за Ајакс со фантастично изведениот слободен удар од исклучително тежок агол. Сепак, погодок е запишан како автогол на Кепа бидејќи топката прво се одби од дирекот, па во главата на шпанскиот голман пред да влезе во мрежата.

https://twitter.com/SportCentre8/status/1191817252393275393

https://www.youtube.com/watch?v=j4215O7kjqg

- Оглас -

Најнови вести