Зијеш трагичар за Мароко на Афкон

Се случи првото големо изненадување на Африканскиот куп на нации, Мароко е елиминиран во осминафиналето по пенал-рулетот со Бенин. Двете селекции беа неразделиви по регуларните 90 минути, но и во продолженијата, па пеналите го одлучија првиот четвртфиналист на Афкон.

Сето ова ќе беше избегнато доколку ѕвездата на Ајакс, Хаким Зијеш не го промашеше пеналот за Мароко во шестата минута од судиското надополнување при резултат од 1-1.

Претходно Адилеху во 53-тата минута го доведе Бенин до водство, а Ен Несири во 76-тата минута израмни на 1-1. Мароканците во погодија само еден пенал од изведените четири, додека фудбалерите на Бенин беа перфектни во обидите.

Бенин противникот во четвртфиналето ќе го добие по дуелот меѓу Уганда и Сенегал го започна во овој момент.

https://streamable.com/4m42e

- Оглас -

Најнови вести