Зимбабве со две епски утки испушти победа над Уганда (Видео)

Уганда беше фаворит против Зимбабве во пресрет на нивниот дуел од Африканскиот куп на нации, но со конечните 1-1 во Каиро, треба позадоволни да бидат „црвено-црните“ од Уганда.

Иако Уганда тргна по планот и поведе со 1-0 во 12-та минута, се чини дека го потценија противникот, кој во 40-та минута изедначи на 1-1. Во второто полувреме, тимот на Зимбабве беше многу подобар и имаше две 100 отстотни шанси.

Во првата ситуација, се посрамоти капитенот Мусона (играч на белгиски Локерен) кога од неколку метри ја погоди пречката, наместо да ја затресе празната мрежа.

https://twitter.com/i/status/1143944783305629697

Нешто подоцна, Зимбабве имаше уште едно неверојатно промашување. Овојпат топката не сакаше да влезе во голот, иако се тркалаше по гол-линијата.

- Оглас -

Најнови вести