Зимска идила во Берлин, градското дерби меѓу Херта и Унион може да биде клуч за убав подарок на Спортска прогноза

Спортската прогноза и во 16-тото коло што е во тек за типување е многу интересна, со 13 основни двојки, плус два резервни пара, а и наградите се стандардни и примамливи, па ако погодите Тринаесетка, имате можност и сами да си одберете подарок.

Зимска идила ќе има во Берлин и главниот град на Германија во сабота ќе биде на нозе бидејќи се игра градското дерби меѓу Херта и Унион.

Двете екипи изградија голем ривалитет во последните неколку години откако Унион Берлин е стандарден бундеслигаш и овој меч е најпривлечен од сите 13 во 16-тото коло на Спортска прогноза.

Ќе се игра задутре од 15.30 часот, а само половина час претходно се игра и првиот дуел во ова коло на Спортска прогноза меѓу Емполи и Торино, па 15 часот во сабота е последен термин до кој можете да се приклучите на бесплатната игра во организација на Спорт Манија и Sport Life.

Сè што ви треба за да бидете дел од Спортска прогноза е да имате СЛ картичка од Sport Life.

И таа е бесплатна и лесно и многу брзо можете да ја добиете на сите шалтери на обложувалницата.

Топ-наградата за секое коло, ако погодите Тринаесетка можете самите да си ја одберете меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X.

 

 

- Оглас -

Најнови вести