Зимскиот план на Јунајтед од кој и Барселона има корист

Не помина ниту еден месец откако се затвори летниот преоден рок, а во таборот на Манчестер јунајтед веќе се кројат планови околу јануарскиот шопинг. На листата желби на Оле Гунар Солскјер се појавија две имиња, Усман Дембеле и Марио Манџукиќ.

Како што најавија одредени англиски медиуми, Црвените ѓаволи се подготвуваат за најголемиот трансфер во клупската историја, поскап и од ангажманот на Пол Погба. За проблематичната ѕвезда на Барселона наводно ќе издвојат 100 милиони фунти со цел да се засилат напаѓачките опции, кои очигледно досега се најголем проблем за Јунајтед откако стартуваше новата сезона.

Иако Дембеле е одлучен да се бори за кариерата во Барса, шпанскиот првак не ја отфрла опцијата да го продаде Французинот за да може да собере средства за Нејмар и повторно да тргнат по потписот на Бразилецот.

Манџукиќ, како втора опција, со своето искуство би бил од големо значење за Солскјер, токму класична „деветка“ е она што му недостасува на 20-кратниот англиски првак. На Хрватот му пропадна трансферот во Катар, па ќе чека до јануари за да може да се отсели од Торино и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести