Зион го имаше најдобриот потег: Прво атрактивно заби преку најдобриот дефанзивец во НБА, а веднаш потоа „полета со цепелин“ (Видео)

Зион Вилијамсон цели 10 месеци беше надвор од НБА терените поради повредата што ја имаше, но сега покажа дека е целосно подготвен. Првиот избор на драфтот во 2019 година го предводеше Њу Орлеанс до победа на гости кај Мемфис со 111:104, постигнувајќи 23 поени, а имаше и седум скока и три асистенции.

Од сите поени што ги даде, посебно за одбележување се четирите поени на Зион во рок од само 15-тина секунди, а тоа се две атрактивни забивања. Најпрво успеа да ја заби топката во обрачот и тоа преку Џарен Џексон јуниор кој минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА лигата. Веќе во следниот напад, Зион успеа да прифати еден цепелин преку целиот терен и повторно атракитвно да реализира.

Посебно атрактивно беше првото забивање преку најдобриот дефанзивец во лигата.

Утрово во НБА лигата се одиграа дури 12 мечеви во кои блесна Лука Дончиќ со трипл-дабл, а сите резултати може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести