Зион се претстави на НБА-лигата (видео)

Иако е само претсезона и прв меч во најсилната кошаркарска лига, Зион Вилијамсон воопшто не делуваше како новак во своето деби за Њу Орлеанс пеликанс. Првиот пик на драфтот за 2019 година дебитираше со 16 поени, седум скока и по три асистенции и украдени топки, во победата од 133:109 над Атланта хокс.

Вилијамсон својот учинок го оствари за помалку од 28 минути, истакнувајќи се како трет стрелец во екипата. Во своите продори, Зион делуваше доста сигурно и играше без трема. Ги покажа атлетските способности но и снаодливоста во рекетот, а според начинот како го напаѓа кошот, потсетува на млад Леброн Џејмс и по малку ја оправда таа споредба.

- Оглас -

Најнови вести