Зизу го дочекаа со сеир: Кој е прв за продажба? Флорентино Перес нека се подготвува

Навивачите на Реал Мадрид со многу радост го дочекаа враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Кралскиот клуб, реакциите се многубројни и речиси сто отсто позитивни, а имаше и сеир.

Во Реал Мадрид ќе има генерален ремонт, а предлозите на социјалните мрежи имаат главен кандидат.

„Прв за продажба е Флорентино Перес“, е еден од најинтересните коментари на „Твитер“.

Претседателот на Реал Мадрид е главниот виновник за заминувањето на Зидан бидејќи инсистираше Кристијано Роналдо да му биде продаден на Јувентус и не ја прифати сугестијата на Зизу да не го продава најдобриот играч.

Потоа настана хаос, а Реал Мадрид по долг период ќе заврши една сезона без трофеј. Зидан е победник во дуелот со Перес, откако првиот човек на клубот си го призна поразот и го врати францускиот ас на клупата на актуелниот европски првак.

Зидан имаше многу успеси, освои еден куп трофеи со Реал, што ги враќа насмевките на лицата на симпатизерите на Кралскиот клуб во очекување на реприза при неговиот камбек. И, секако, има и сеир со предлогот прв на продажба да оди претседателот на клубот Флорентино Перес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести