Ѕјуба и Азмун симулираа секс во соблекувалната на Зенит (Видео)

Фудбалерите на Зенит, напаѓачите Артем Ѕјуба и Сардар Азмун, при прославата на шампионската титула во Русија, беа снимени во соблекувалната како на шега симулираат секс и ова видоа стана хит на социјалните мрежи. Клипот е интересен и поради зачудената реакција на тренерот Семак, кој ги гледа што прават.

На сите им е јасно дека станува збор за шега, но Ѕјуба доби многу критики за потегот. Капитенот на руската репрезентација беше нападнат од пратеник во руската Дума и од еден телевизиски фудбалски коментатор.

„Тие не ги имитираа хомосексуалците, тоа беше недостаток на образование“, „Ова го гледаат и деца кои навиваат за Зенит, како ќе им објасните што прават нивните миленици“, „Можете ли да замислите во Реал Мадрид или ЛА Лејкерс да се случи вакви нешто?, „Во нормално општество, Ѕјуба треба да се извини“,„Азмун по ова смее ли да се појави во родниот Иран?“, се дел од коментарите на сметка на фудбалерите на Зенит.

https://twitter.com/i/status/1279999881667584001

- Оглас -

Најнови вести