Златан е уникат – Му прати порака на играч што не може да даде гол (Видео)

Златан Ибрахимовиќ е уникат, а нова шега му приреди на анонимниот фудбалер Филип Хес од пониските лиги во Холандија.

Хес игра за аматерскиот клуб АФЦ 5 и иако е напаѓач, нема постигнато ниту еден гол на 20 натпревари, што беше предизвик за Ибрахимовиќ.

„Дваесет натпревари и ниту еден гол. Немам чуено за таков лош биланс. Ако сакаш да постигнуваш голови, дојди во мојата школа. Ќе научиш да ги тресеш мрежите. Знам дека се чувствуваш лошо, веројатно сакаш и да престанеш да играш фудбал и веројатно тоа е најдобро за тебе. Со среќа понатаму“, е пораката на Златан што му ја испрати на Хес преку Инстаграм.

Хес е многу популарен на социјалните мрежи, а пораки веќе му испратија легенди од калибарот на Руд Гулит, Кларенс Седорф, Патрик Клајверт, Роналд Де Бур, Карлес Пујол….

Погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести