Златан кога е задоволен од играта им дели шлаканици на фудбалерите на Милан (Видео)

Златан Ибрахимовиќ по завршување на професионалната кариера, пред неколку недели се приклучи на управата на Милан и веднаш дојдоа резултатите.

Милан се наоѓа во добар ритам во Серија А, на последните девет меча оствари седум победи и две ремија, а синоќа со 3:0 славеа над Рен во првиот натпревар во нокаут фазата во Лигата на Европа, а Златан на интересен начин покажа дека е задоволен од играта и од триумфот.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како насмеаниот Златан шмекерски му удира шлаканица на Лука Јовиќ за да покаже дека е задоволен од резултатот и играта.

 

- Оглас -

Најнови вести