Златан ми се закани дека ќе ме скрши ако го лажам дека сум потпишал за ПСЖ

Еден од најдобрите дефанзивци на денешницата, капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва, во интервју за „Франс фудбал“ откри дека тој влијаел врз одлуката на Златан Ибрахимовиќ да го следи во француската престолнина. Бразилецот потпиша за ПСЖ во летото 2012 година, а од редовите на Милан заедно со него во пакет пристигна и популарниот Златан.

„Само што се согласив на трансфер во ПСЖ, ми се јави Златан и ме праша: ’Тијаго, вистина ли е? Потпишуваш за ПСЖ?’ Му кажав дека работата е завршена. Тој мислеше дека се шегувам бидејќи беше во дилема дали да се согласи на преселба, па ми се закани: Ако ти се селиш, доаѓам и јас, но ако ме лажеш, ќе те скршам. Со Златан имав одлична соработка и до ден денес сме во контакт. Чест ми беше и гордост што играв покрај него“, истакна Тијаго Силва.

Ибрахимовиќ и Силва беа лидери на Милан во шампионската сезона 2010/11, а во 2012 година се преселија во Париз, каде што со ПСЖ продолжија да доминираат и заедно стигнаа до четири титули во француското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести