Златан не се потресува за поразот на Милан од Интер, искешира два милиони евра за најновиот модел на „Ферари“ (Фото)

Еден ден пред големото градско дерби меѓу Милан и Интер, кое се играше во рамките на полуфиналето во Лигата на шампионите, Златан Ибрахимовиќ се почести со најновиот модел на „Ферари“.

Златан заедно со сопругата Хелена Сегер во автосалонот во Милано пристигнале со моделот „ферари СФ90 спајдер“, а од него излегоа со уште еден модел на италијанскиот производител.

Станува збор за најновиот модел на „Ферари“, „дејтона СП3“, за кого Златан плати два милиони евра.

Златан Ибрахимовиќ не настапи на вчерашниот натпревар против Интер, бидејќи не е регистриран за настап во Лигата на шампионите.

Швеѓанецот поради операцијата на коленото во 2022 година пропушти најголем дел од сезонава и налето ќе си замине од Милан.

- Оглас -

Најнови вести