Златан, очекувај повик од Анчелоти

По триумфот на Наполи од 2-0 против Верона, тренерот на Наполитанците Карло Анчелоти на прес-конференцијата посочи дека ќе го побара Златан Ибрахимовиќ да преговараат околу ангажман на „Сан Паoло“. Ибрахимовиќ во почетокот од 2020 година ќе биде слободен играч откако ќе му истече соработката со ЛА галакси, а денес најави дека би можел повторно да игра во Серија А.

„Ги следам неговите настапи во МЛС лигата, 29 гола на 30 меча е неверојатна статистика. Мило ми е што мисли дека Наполи е добра опција за него, ќе го побарам уште вечерва, ќе разговараме, па ќе ви откријам дали преговорите се успешни“, во шега прокоментира италијанскиот стратег.

Инаку Ибрахимовиќ вечерва има обврска да го предводи Галакси во првиот меч од разигрувањата во МЛС лигата, тимот од Лос Анџелес гостува кај Минесота.

- Оглас -

Најнови вести