Златан против Лукаку, втора рунда!

Миланското „Дерби дела Мадонина“ помеѓу Милан и Интер кое се игра од 15 часот на „Сан Сиро“, е битка за пол-позиција во трката за Скудетото, битка за престиж во градот на модата, а и втора рунда од дуелот на Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку кои на претходниот меч во купот имаа конфликт со навреди, кој можеше да прерасне во тепачка.

Тензиите повторно ќе бидат присутни, важни се трите бода, но очите на јавноста се вперени кон Златан и Лукаку. Не само затоа што од нив се очекуваат голови, туку и да се види како ќе се однесуваат Швеѓанецот и Белгиецот еден кон друг. Тие добија и мурал посветен на инцидентот.

Кај Росонерите, нема да играат Марио Манџукиќ и Исмаел Бенасер, а се враќа Брахим Дијас. Дилемата на Стефано Пиоли е дали во нападот да биде Анте Ребиќ или Рафаел Леао.

Кај Нераѕурите, повреден е Стефано Сенси, додека Артуро Видал ќе биде на располагање. Ако Чилеанецот не може да биде стартер, шанса ќе добие Кристијан Ериксен.

Според италијанските медиуми, можните почетни состави се следните:

Милан: Донарума, Калабрија, Кјер, Ромањоли, Тео Ернандес, Тонали, Кеси, Салемакерс, Чалханоглу, Ребиќ, Ибрахимовиќ.

Интер: Хандановиќ, Шкринијар, Де Врај, Бастони, Хакими, Барела, Брозовиќ, Ериксен, Перишиќ, Лукаку, Мартинес.

- Оглас -

Најнови вести