Златан сам ги мина Зебрите од Удине, акробатски ножички на фудбалскиот мајстор за победа на Милан (Видео)

Златан Ибрахимовиќ сам ги мина Зебрите од Удине и со феноменални два потези му донесе нова победа на Милан во Калчото.

Ветеранот и на 39 години игра извонредно, а акробатските ножички што ги изведе во 83. минута беа клучни за петтата победа на Милан во шесттиот настап во Серија А.

Претходно Швеѓанецот со прекрасна акција и асистенција до Франк Кеси во 18. минута најави нов триумф на лидерот во Калчото.

Единствениот погодок за Удинезе го постигна Родриго Де Пол од пенал во 48. минута, но тоа не беше доволно да се засени перфектниот учинок на Ибрахимовиќ и неговите соиграчи.

Златан со новиот гол се зацврсти на чело на листата со најдобри стрелци и има 7 гола, а Милан остана лидер со пет победи и едно реми и вкупно 16 бодови.

За Удинезе не настапи Илија Несторовски, иако беше на клупата за резерви.

 

- Оглас -

Најнови вести