Златан со провокација ги запали фановите на Милан: Момци, ајде еден поздрав за Чалханоглу! (Видео)

Фудбалерите на Милан со парада низ Милано ја прославија шампионската титула, а еден од поинтересните моменти беше кога ветеранот Златан Ибрахимовиќ го зеде микрофонот и од фановите побара да го поздрават Хакан Чалханоглу.

Турчинот во минатата сезона играше за Милан, се дружеше со Ибра, но реши да прејде во шампионскиот Интер, и за негова несреќа, повторно се размина со титулата.

„Момци, испратете му порака на Хакан“ – кажа Златан, а откако почнаа извици и навреди кон Хакан, побара да го повторат тоа уште погласно.

Инаку и Златан во минатото се разминуваше со титулите во Лигата на шампионите. Во 2009 го напушти Интер и прејде во Барселона, а Интер во 2010 стана европски првак. Потоа во летото 2010 ја напушти Барса, а Каталонците во 2011 ја освоија ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести