Златан во дербито успеал и да му скрши глава на противник (Видео)

Златан Ибрахимовиќ останува во центарот на вниманието во амерканското фудбалско првенство. Прославениот голгетер блесна во градското дерби на Лос Анџелес и со три гола му донесе победа на својот Галакси.

Порај трите погодоци, Ибра на овој меч ја покажа и својата груба страна. Во еден воздушен дуел со Мохамед ел Монир, Златан се послужи со лактот, а Монир падна на тревата жалејќи се на повреда.

Снимката покажува како лактот на Ибрахимовиќ завршува во главата на противникот, кој сега буквално има вдлабнатина на местото каде што е ударот. Се работи за скршеница на главата и Мунир мора да оди на операција.

ЛА галакси победи со 3:2 против ФК Лос Анџелес, а Ибра блесна со три гола.

 

- Оглас -

Најнови вести