Златен старт на Спартанците во Сребрената европска лига

Македонските спартанци имаа очекуван старт со победа од 3:0 во Сребрената европска одбојкарска лига, а вечерва во Скопје падна Кипар.

Без присуство на публика сепак гопочнавме турнирот рутински и со триумф без загубен сет. Првиот го добивме со 25:21, а потоа со идентичен резултат во поени поведовме со 2:0 во сетови.

Третиот сет беше најнеизвесен, Кипар се закани и имаше само два поени негатива, 19:21 и 20:22, но потоа повторно успеавме да го скршиме отпорот на аутсајдерот и да го добиеме и третиот сет со 25:21, за максимална победа од 3:0 во сетови.

Утре Македонија ќе игра против Израел од 20 часот, а задутре ривал ќе ни биде Данска во последниот меч на турнирот во Скопје исто така од 20 часот.

Данците денеска во возбудлив меч го победи Израел со 3:2 и тоа со пресврт по негативата од 1:2 во сетови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести