„Златниот“ Меси и ПСЖ не го најдоа патот до голот на Ница

Пари Сен Жермен беше во славеничко расположение, се славеа „Златната топка“ за Лионел Меси и наградата за голман на годината која ја доби Џиџи Донарума, но не се прослави и победа над Ница во мечот од француската Лига 1.

Немаше погодок на „Паркот на принцовите“, иако ПСЖ упати 22 шута, од кои пет во рамките на голот на гостите.

ПСЖ е убедливо прв со 12 бода пред Марсеј. Марсеј, кој има и еден меч помалку од Светците, вечерва победи во Нант со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести