Знаат ли дека јас не сум Де Бројне? (видео)

Олександр Зинченко вчера го комплетираше трансферот во Арсенал од редовите на Манчестер сити за сума од 35 милиони евра. Украинскиот репрезентативец потпиша четиригодишен договор со Топчиите и тој е втор играч по Габриел Жезус кој го напушти англискиот првак и се пресели во Северен Лондон.

На првото интервју како нов член на Арсенал, Зинченко ја насмеа јавноста со реакцијата откако дозна колку навивачите со нетрпение го очекувале неговиот трансфер. Водителот му откри дека често го прашувале дали Зинченко навистина ќе дојде на „Емирати“, а Украинецот се посомнева дека го помешале со Де Бројне, па затоа се создала толкава еуфорија.

„Дали знаат дека јас не сум Де Бројне? Морам да прашам, можеби ме помешале со него. Ме изненадуваш“, вели Зинченко, па додаде:

„На почетокот нè мешаа, но да бидеме искрени, поубав сум од Кевин. За фудбалски квалитет не зборуваме, но да бидеме јасни, ја сум позгоден од него“, во шега одговори Украинецот.

“Do they know I’m not De Bruyne?” from MCFC

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести