Знаете ли кој е последниот 20-годишник кој постигнал 40+ гола во една сезона?

Ерлинг Халанд вчера со два гола против Леверкузен се одјави за сезонава, по што вкупниот учинок во оваа сезона ја достигна границата од 41 погодок во сите натпреварувања. Со 12 асистенции, Халанд учествуваше во вкупно 53 гола за Милионерите, учинок кој го запиша во 41 настап на сите фронта.

Дека Халанд навистина ќе биде голема ѕвезда и уште повеќе ќе доминира во блиска иднина, говори фактот што ваков подвиг на 20-годишен фудбалер не е виде цели 24 години, или од сезоната 1996/97.

Во споменатата сезона, Роналдо Назарио како млада ѕвезда на Барселона, на 20 години забележа вкупно 47 погодоци и 12 асистенции во 49 настапи.

Ако досега споредбите на Халанд со некогашни великани како Роналдо беа претерани, овој податок потврдува дека Норвешка го има идниот импетарот на фудбалскиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести