Зоран Мамиќ си даде оставка, Динамо има нов тренер

Зоран Мамиќ си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб, и спортски директор на загрепски Динамо. Мамиќ се повлекува откако доби судска пресуда со која треба да лежи во затвор цели четири години и осум месеци.

Од вечерва, нов тренер на Аријан Адеми и Стефан Ристовски е досегашниот помошник Дамир Крзнар, кој дебито ќе го има веќе в четврток и тоа против Тотенхем во реванш дуелот од Лига Европа.

Ако Мамиќ сам не си дадеше оставка, Динамо во рок од осум дена ќе мораше да му го раскине договорот според Законот за спорт. Во Хрватска, ниедно лице не смее да води или врши некаква дејност во спортот, ако против него има правосилна одлука за затворска казна од минимум шест месеци.

- Оглас -

Најнови вести