Зошто гигантите се луди по него? Фати ли да шутира, Ансу не промашува

Ансу Фати е новата гол-машина на Барселона, а одигра брилијантен меч против Вилјареал зачинет со два гола и изнуден пенал за третиот гол на Каталонците во победата од 4:0.

И педантните статистичари во шпанскиот фудбал веднаш му пресметаа каков ефект има и тој е чудесен. Фати од дебито во дресот на Барселона во 2019 година како еден од најмладите и во историјата на шпанското првенство има упатено само 15 удари кон голот на противниците и постигна дури 10 гола.

Тоа е исклучително добар ефект, особено за млад фудбалер што има само 17 година. Фати во меѓувреме стана и сениорски репрезентативец на Шпанија, одигра два меча за Црвената фурија и постигна еден гол.

Во летниот преоден рок имаше неколку обиди од европските гиганти да го искористат хаосот во Барселона и да го „украдат“ момчето кое е родено во Гвинеа Бисау, но челниците на каталонскиот клуб без размислување ги одбија атаците и понудите кои се движеа и до 150 милиони евра.

Од Барселона најавија дека на Ансу ќе му понудат да го продолжи договорот што му важи до 2022 година, а се очекува ако дојде до договор, Фати да има многу поголема плата, но и отштета што ќе се движи околу 400 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести