Зошто Рома е клубот што Роналдо најмногу го мрази?

Повеќе од 15 години трае блескавата кариера на Кристијано Роналдо, фудбалерот кој постави многу неверојатни рекорди во историјата на фудбалот. Иако има 36 години, Роналдо уште е еден од најдобрите, незадржлив на теренот и прва ѕвезда на Јувентус.

Низ кариерата, Роналдо досега играше за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, а сега е во Јувентус. Неверојатни 866 официјални меча има во неговите нозе, а повеќе од 70.000 минути поминал на терен. Пресметано, тоа значи дека Роналдо речиси 50 дена поминал во борба со противниците на фудбалскиот терен, кои ги имало и премногу.

Роналдо имал големи ривали, но ниту еден клуб не го мрази како што е тоа Рома. Зошто Роналдо најмногу ја мрази Римската волчица? Во 2006 година, додека Роналдо го носеше дресот на Манчестер јунајтед, Рома се погоди за противник во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Англискиот гигант го демолираше противникот со вкупни 8:3, а посебно за памтење е победата од 7:1 на „Олд Трафорд“. Роналдо на тој меч даде два гола, но Португалецот тој дуел го памти по заканите од противниците.

„Кога поведовме со 6:0, еден од играчите на Рома ми велеше дека треба да престанам да дриблам. Други ми се заканија дека ако не престанам, намерно ќе ме повредат. Рома? Не постои фудбалер на Рома со кој би го заменил дресот“, вели Роналдо кога ќе го прашаат за ривалот од Серија А.

Низ кариерата, Роналдо одиграл 11 меча против Рома и има одличен биланс од девет погодоци и две асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести