Зошто Симеоне реши Саул да го изведе повторениот пенал по утката на Диего Коста?

На Диего Коста синоќа во дербито со Барселона не му одеше, прво си даде несреќен автогол, а потоа утна пенал, но, за негова среќа, откако не го реализира пеналот, судиите го повторија ударот од белата точка поради престап на голманот Марк-Андре Тер Штеген. Овојпат топката ја зеде Саул Њигес и тој го совлада Германецот Тер Штеген.

Одлуката Саул да шутира беше одлична, во Атлетико многу добро знаат еден податок, а тоа е дека кога Саул дава гол, неговиот тим никогаш нема загубено натпревар, без разлика дали станува збор за првиот или тимот Б на Атлетико или на шпанската репрезентација во која било категорија. Билансот му е 34 победи и шест ремија. Затоа, кога Саул даде гол, на сите во Атлетико им олесна, имаа претчувство дека традицијата ќе продолжи и навистина останаа непоразени против тимот кој не го победиле одамна во еден лигашки меч.

Саул стана и четврти гостински играч во историјата кој погодил два пенали на ист меч на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести