Ѕвер меѓу Елените: Адетокумбо танцуваше по нотите на џезот (видео)

Брилијантната партија на Јанис Адетокумбо во дуелот против Јута џез ја обезбеди 14-тата победа за Милвоки бакс сезонава. Елените славеа со 122:118 продолжувајќи ја низата на осум триумфи, а најкорисниот играч од минатата сезона вторпат во неговата кариера реализира 50 поени.

Популарниот Грик Фрик за 38 минути поминати на паркетот постигна точно 50 поени, надополнети со 14 скока и шест асистенции, а имаше и две украдени топки.

Иако Џезерите делуваа доста сигурно во првото полувреме во кое водеа со +9 пред паузата, веќе во следниот период ја загубија контролата на мечот и примија 42 поени за 12 минути, што беше најава за нивниот шести пораз сезонава.

Од вкупно шест кошаркари на Јута со двоцифрен број поени, Богдановиќ реализира 24, Митчел застана на 20, додека кај Бакс покрај фантастичниот Јанис, за триумфот придонесе Метјус со 19 поени.

Останати резултати од НБА лигата:

Кливленд кавалирс – Бруклин нетс 106:108, Детроит пистонс – Орландо меџик 103:88, Индијана пејсерс – Мемфис гризлис 126:114, Атланта хокс – Минесота тимбервулвс 113:125, Бостон селтикс – Сакраменто кинс 103:102,  Мајами хит – Шарлот хорнетс 117:100, Торонто репторс – Филаделфија сиксерс 101:96, Чикаго булс – Портланд трејлблејзерс 94:117, Сан Антонио спарс – ЛА лејкерс 104:114, Голден стејт вориорс – Оклахома сити тандер 97:100.

- Оглас -

Најнови вести