Зверев ги отпиша Федерер и Надал: новата голема тројка сме Новак, јас и Медведев!

Рускиот Германец, Александер Зверев, убеден е дека трофеите од грен-слем турнирите во 2022 година ќе бидат поделени меѓу него, Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

Тој верува дека во тенисот во најава е ера со ново големо трио, бидејќи Роџер Федерер веќе има 40 години и се рехабилитира од операција, а и Рафаел Надал, истотака се мачи со повреди и не е во топ форма.

Зверев кој ги освои олимпиското злато во Токио и АТП финалето, мисли дека следната година ќе личи на последните шест од оваа 2021.

„Порано се зборуваше за Надал, Федерер и Ѓокович, но во последната половина година големите титули беа Олимпијадата, САД опен, финалниот турнир во Торино и Вимблдон, и сите беа освоени од Медведев, Ѓоковиќ и мене. Не очекувам следната година да биде поразлично“ – изјави популарниот Саша, кој теоретски може да стане и број 1 на АТП листата, ако го освои Австралија опен, а Ѓоковиќ да го пропушти големиот и нему омилен турнир.

- Оглас -

Најнови вести