Зверев го елиминира новиот Надал, Алкараз е мегаталент, но има уште многу да учи

Русинот со германски пасош, Александер Зверев, е прв полуфиналист на „Ролан Гарос“ во Париз и сега чека дали следен противник ќе му биде Ѓоковиќ или Надал.

Зверев попладнево со 3-1 во сетови го елиминира Карлос Алкараз. Многумина мислеа дека младиот Шпанец, кој има само четири порази годинава, може да го освои Отвореното првенство на Франција и да покаже дека е новиот крај на земјените терени, но патот му заврши во четвртфиналето, во кое ги загуби првите два сета.

За Зверев, кој е актуелен олимписки првак, ова му е прва победа на гренслем против тенисер кој е во топ 10 на АТП-листата (имаше 11 порази по ред). Зверев и лани беше полуфиналист во Париз. Пред 23 дена Зверев загуби од Алкараз на Мастерсот во Мадрид, а денеска му врати.


- Оглас -

Најнови вести