Зверев игра како ѕвер, му фрла ракавица на Ѓоковиќ

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласира во полуфинале на Отвореното првенство на САД и таму ќе има дуел со Новак Ѓоковиќ или Матео Беретини. Зверев во четвртфиналето немаше проблеми со Лојд Херис и победи со 7-6, 6-3, 6-4.

Зверев, кој е четврти носител, го совлада Ѓоковиќ на Олимписките игри во Токио и ќе биде сериозна пречка за светскиот рекер број 1 во евентуалното нивно полуфинале на турнирот на кој Новак брка историја како најуспешен тенисер по бројот на освоени гренслем-титули. Другата машка полуфинална двојка во Њујорк е позната: Медведев против Ожер Алијасим.

- Оглас -

Најнови вести