Зверев ја знае тајната на Надал: На Ролан Гарос ќе ја заврши кариерата

Александер Зверев изненади со објавата дека Рафаел Надал ќе се прости од тениската игра со настап на Ролан Гарос во мај годинава.

Германскиот тенисер е сигурен дека разделбата на Надал со еден од најубавите индивидуални спортови ќе се случи во царството на Шпанецот, на гренслемот во Париз што го освојуваше неверојатни 14 пати. Тоа е и апсолутен рекорд во светот на тенисот.

„Не сакам тоа да се случи, ама мислам дека Рафа ќе се прости со настап на Ролан Гарос. Сигурно пак ќе одигра одличен турнир, веројатно и ќе го освои што ќе биде идеална прилика да му каже збогум на тенисот“, вели Зверев.

Надал е светски рекордер со 22 гренслем титули, а ќе биде интересно за него на Ролан Гарос годинава.

Рафа е роден на 3. јуни 1986 година и ќе го почне турнирот на 28. мај како 36-годишник, а се очекува пак да оди далеку и да го заврши веројатно и со финале на 11. јуни како 37-годишен тениски ветеран.

 

 

- Оглас -

Најнови вести