Зверев за Циципас: Тој е измамник, оди во тоалет и по телефон прима совети од татко му

Александер Зверев доцна синоќа го совлада Стефанос Циципас, и вечерва ќе игра против Андреј Рубљов во финалето на Мастерсот во Синсинати, но рускиот Германец го нападна Гркот со обвинувања дека ги крши правилата. Во еден момент од средбата, Циципас побара да оди во ВЦ, а во тоалет со себе ја понесе целата торба, во која има и мобилен телефон.

„Тој си ги зема сите работи и оди во тоалет за да му се јави на татко му. И во Париз го направи истото пред петтиот сет. Додека тој беше во тоалет, видов како татко му цело време зборува на телефон“ – вели Зверев.

Публиката го исвирка Циципас кога се врати на терен после паузата од 8 минути. Инаку, таткото на Циципас е и негов тренер. Во машкиот тенис, забрането е за време на меч тенисерите да примаат совети од тренерите.

Циципас има поинаква верзија на настаните.

„Тоа не е астрофизика. Едноставно отидов во соблекувална да ја сменам маицата и шорцевите. Се потам малку повеќе од другите и тоа е тоа. Мислам дека не би било убаво ако се пресоблекувам пред сите на терен“ – рече Циципас.

- Оглас -

Најнови вести