„Ѕверот“ од Хетафе му даде животна лекција на тинејџерот Ансу Фати (Видео)

Хетафе уште еднаш се покажа како опасен ривал и за најголемите фаворити откако синоќа со 1:0 ја победи Барселона, во мадридското предградие. Хаиме Мата погоди од пенал на почетокот на второто полувреме, гол што се покажа како клучен за радост на домаќините.

И Барселона се обиде да добие пенал, кога младиот Ансу Фати влезе во шеснаесетникот и падна како покосен по дуелот со Ниом. Судијата Сото Градо кој беше во близина ништо не покажа, иако Фати се превиткуваше на теренот. Дефанзивецот на Хетафе лут поради симулацијата на тинејџерот од Барселона, реши да му оддржи кратка лекција.

„Имаш 18 години и така паѓаш? Еј 18 години!“, викаше Ниом кој застана буквално над Ансу Фати, додека тинејџерот се држеше со рацете на главата.

https://youtu.be/0CaMJzWgc_o

 

 

- Оглас -

Најнови вести