Ѕверови меѓу стативите: Нојер и Тер Штеген речиси во иста секунда со магични одбрани им донесоа победи на Баерн и на Барса (Видео)

Баерн Минхен и Барселона синоќа на своите стадиони стигнаа до победи, иако први примаа гол. Текот на двата меча беше многу сличен. Противниците први погодуваа, а потоа фаворитите правеа пресврт и на крајот голманите беа тие што не дозволија да биде нерешено на крајот.

Баерн со 2:1 го победи Волфсбург, а гостите може да жалат за пропуштената шанса во 85-тата минута. Мануел Нојер на фантастичен начин одбрани зицер и го остави Баерн во водство кое на крајот донесе и три бода за германскиот првак.

Барса од 0:1, на крајот стигна до 2:1 против Реал Сосиедад, а гостите може да жалат што на крајот не постигнаа и втор погодок. Истекуваше 84-тата минута, кога Сосиедад беше во напад и гостите имаа два шута кои фантастично ги одбрани Марк-Андре тер Штеген. Тие одбрани на германскиот голман беа доволно за Барселона до крајот да ја задржи предноста и да се радува на трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести