Ѕверска партија и 30 поени: Димитријевиќ си поигруваше со плејмејкерите на Партизан!

Екипата на Уникс Казан го освои третото место во Суперкупот на ВТБ лигата, а најголема заслуга за победата над белградски Партизан кој заедно со Мега како гости учествуваат во Суперкупот има македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Нено го уништи Партизан со 30 поени за 30 минути игра, а имаше и по три блокади и украдени топки.

После мечот, многу фанови на белградските Црно-бели бараа клубот да се обиде да го купи Димитријевиќ, бидејќи се покажало дека е подобар од сите играчи во составот на Жељко Обрадович кои играат на бековските позиции.

Инаку, во финалето на ова натпреварување играат ЦСКА Москва чиј тренер е нашиот Емил Рајковиќ, и Зенит од Санкт Петербург.

- Оглас -

Најнови вести