Ѕверски одигра: Во првите 14 минути даде 28 поени со 7/7 за тројка (Видео)

Американскиот кошаркар Бонзи Колсон одигра меч за памтење во првото коло на турското првенство. Еден од главните играчи во екипата на Пинар Каршијака даде 41 поени, за победа од 90:81 над Бачешехир.

Колсон посебно беше блескав во првите 14 минути во кои постигна дури 28 поени и тоа без ниту едно промашување од поле. Американецот постигна седум тројки од седум обиди.  Пинар Каршијака уште на стартот поведе со 11:2, а по првата четвртина водеше со 28:15.

Благодарение на шоуто на Колсон, Пинар во 15 минута водеше со 40:20 и веќе беше јасно дека домаќините ќе победат.

 

- Оглас -

Најнови вести