Ѕвезда го „испи“ Ефес, и му помогна на Партизан

Црвена ѕвезда го совлада Анадолу Ефес со 94-75 во меч од кошаркарската Евролига, благодарение на феноменално одиграната последна четвртина која Црвено-белите од Белград ја добија со 26-8.

Ѕвезда индиректно му помогна на Партизан, бидејќи на Црно-белите, Ефес им е еден од конкурентите за место во плејофот. Ѕвезда уште е далеку од осмото место кое води во разигрувањето, но има доволно мепеви до крајот за да се пробие во плејофот.

Факундо Кампацо првпат играше евролигашки меч во Белград во дресот на Ѕвезда, и беше предводник на својот тим со 22 поени и 7 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести