Ѕвезда го преживеа пенал-рулетот во Крушевац

Белградската Црвена ѕвезда ги задржа шансите за освојување на двојна круна во српскиот клупски фудбал за оваа сезона.

Титулата во првенството веќе ја обезбедија на убедлив начин, а во Купот одвај се провлекоа во полуфиналето. Во денешното четвртфинале, Ѕвезда одигра 0-0 на гостувањето кај Напредак Крушевац, па пеналите решаваа кој да оди понатаму.

Ѕвезда победи со 4-2 во пенал-рулетот, иако и еден играч на првакот не погоди од белата точка. Напредак утна во втората и третата серија, тоа беше доволно за пораз и пропуштена шанса да се приреди сензација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести