Ѕвезда и Манчестер сити најубедливи прваци во Европа

Црвена ѕвезда со 102, Манчестер сити со 98 и Динамо Загреб со 92 бода, се трите шампиони во националните првенства во Европа, кои беа најубедливи и собраа најмногу бодови.

Српскиот првак овие 102 бода ги собра на 37 меча, што е просек од дури 2,76 бода по натпревар. Белградските „црвено-бели“ имаа 33 победи, три ремија и само еден пораз. Просекот на Манчестер сити во англиската Премиерлига беше 2,58 бодови по меч, што на 38 настапи му донесе 98 бода. Третото место го држи Динамо кој во Хрватска беше убедлив, и на 36 меча собра 92 бода.

Потоа следуваат Јанг Бојс, ПСЖ, Јувентус, Макаби Тел Авив, Бенфика, Барселона, Селтик, Ајакс, итн.

Македонскиот првак Шкендија е некаде на средината, заедно со бугарски Лудогорец и грузиски Сабуртало. Овие три тима имаа по 79 бода од 36 натпревари, што е просек од 2,19 бода по меч. Најмалку бодови за да освои титула беше потребно на Малта. Тамошниот првак Ла Валета, освои 58 бода во 26 кола, а 59 бода на 26 меча имаше Дуделанж во Луксембург. Но, според просекот, тие и не се толку лоши, и ако играа по 36 меча, би имале над 80 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести