Ѕвезда нема пораз 48 меча, но гостува кај тим од којшто загуби на последните две средби

Црвена ѕвезда е екипата која ја има најдолгата низа во Европа без пораз. Неверојатни 48 средби во сите натпреварувања, српскиот првак не загубил натпревар. Последен пат тоа се случи во октомври минатата година, на гости кај Хофенхајм во меч од групната фаза во Лигата на Европа, кога германскиот тим победи со 2:0.

Од тој меч досега Ѕвезда има 39 победи и девет нерешени средби, па не случајно белградскиот тим е фаворит за победа на денешното гостување кај Каират Алмати во Казахстан.

Сепак, не сите фактори се на страната на Црвена ѕвезда. Проитв Каират Алмати имаат играно четирипати и скорот е по две победи на двата клуба. Ѕвезда ги добила двата меча во квалификациите од Лигата на Европа во 2002 година, но затоа тимот од Казахстан се радувал на последните два меча против Црвено-белите. Во квалификациите за ЛЕ во 2015 година тимот од Алмати прво на гости во Белград славеше со 2:0, а потоа дома победи со 2:1.

Во прилог на Каират е и фактот дека првенството на Казахстан е во полн ек и веќе се одиграа 19 кола. Тимот од Алмати е на третото место со 10 победи, седум нерешени и само два порази. Ѕвезда само пред неколку дена го одигра првиот меч од новото првенство и дома одигра без голови во дербито против Војводина.

 

- Оглас -

Најнови вести