Црвена звезда е најактивна екипа во преодниот рок почетокот на новата кошаркарска сезона и веќе прави тим за напад на титулата не само во АБА-лигата туку и во Евролигата.
Црвено-белите денеска објавија дека потпишаа двегодишен договор со Американецот Шабаз Нејпир. Тој во Црвена звезда ќе заработува по два милиони евра годишно, а доаѓа како замена за Аргентинецот Факундо Кампацо.
Нејпир во Црвена звезда минатата сезона настапуваше за Олимпија Милано и постигнуваше просечно 16 поени и 3,9 асистенции по натпревар во Евролигата, а во Европа има настапувано и за рускиот тим Зенит, додека во НБА лигата играше за Мајами хит, Орландо меџик, Портланд треилблејзерс, Бруклин нетс, Минесота тимбервулс и Вашингтон визардс.
Црвена звезда досега потпиша и со Милош Теодосиќ, Адам Ханга, Дејан Давидовац, Рокас Гиедраитис, Марко Симоновиќ, Џоел Боломбој и Мајк Тоби.