Ѕвезда со петарда против Рад ја запечати својата трета титула по ред

Дејан Станковиќ ја доврши работата која ја почна и речиси ја заврши неговиот претходник на тренерското место во Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, па со победата од 5-0 против Рад најтрофејниот српски клуб, кој денеска прослави и 29-годишнина од европската титула, се закити со нов трофеј шампион на Србија.

За Ѕвезда ова е трета титула едноподруго, а ако се сметаат титулите кои ги освојуваше и во времето на поранешна Југославија, за клубот ова е 31-ва шампионска титула. Сега на тимот му останува да го нападне и Купот на Србија, па евентуално со двојна круна да ја заврши оваа сезона во која настапуваа и во групната фаза од Лигата на шампионите. Ѕвезда својата последна двојна круна ја освои во 2007 година.

- Оглас -

Најнови вести