Новосадска Војводина беше на прагот да стане сензационален освојувач на Купот на Србија во фудбал. Во финалето со големиот фаворит Црвена ѕвезда одиграа 2-2, па ќе се играат уште дополнителни 30 минути.
По 35 минути беше 2-0, и многумина во шок и неверица гледаа кон семафорот. Арнаутовиќ во 54-та минута ја врати надежта на белграѓани, а Ѕвезда дури во 95-та минута со гол на Родригао дојде до 2-2 и продолженија.
Војводина се надева дека по трети пат во историјата ќе го освои српскиот куп, после 2014 и 2020. Лани и преклани популарната Воша ги губеше финалињата од Ѕвезда, но годинава во финалето во Лозница, им даваат силен отпор.

