Ѕвездата на Арсенал повторно си прави проблеми: Лаказет фатен како ужива со опојни средства

Ѕвездата на Арсенал Александер Лаказет, го очекува санкција од клубот откако англиските медиуми објавија видео како Французинот користи опојни средства. Лаказет сам се снимал дома како со помош на балон вдишува дрога позната како „хипи крек“, видеото го пратил на неколку блиски пријатели со кои комуницирал во моментот.

На видеото јасно се гледа како Лаказет конзумира преку балон, уште па им се пофалил на пријателите што прави. Топчијата си направи огромни проблеми ако се знае дека не му е првпат да користи опојни средства.

Во летото 2018 година пред почетокот на сезоната, неколку играчи на Арсенал меѓу кои беше и Лаказет беа фатени во клуб како се забавуваат и конзумираат „хипи крек“ исто така преку балони, но поминаа само со предупредување од страна на управата. Се чини дека овојпат Лаказет нема да се спаси така лесно, додека од таборот на лондонскиот клуб засега одбија да коментираат на оваа тема.

- Оглас -

Најнови вести