Меси и Суарес ја советувале ѕвездата на Барселона да се всели во „проколнета куќа“

Филип Кутињо ќе си замине од Барселона на крајот од сезоната. Според најавите, Челзи ќе биде следната дестинација на еден од најскапите фудбалери во историјата на клубот. Лондонскиот тим треба да понуди над 100 милиони евра, ако сака да го реализира трансферот на Кутињо, кој во Премиер лигата има играно за Ливерпул.

Иако беше најавуван како големо засилување, Кутињо не ги исполни очекувањата на „Камп ноу“. Многу почесто е на клупата за резерви отколку на теренот, а медиумите најдоа едно интересно објаснување зошто Бразилецот игра слабо. Сè е во „проколнета куќа“, во која живее Кутињо во Барселона. Бразилецот беше сместен во куќа во градчето Кастелдефилс, кое се наоѓа меѓу морето и планината во Барселона.

Лионел Меси и Луис Суарес го советувале Кутињо да се всели во таа куќа за да може сите тројца да бидат многу блиску и со местата на живеење, па да може да се дружат и надвор од фудбалскиот терен.

Куќата во која е Кутињо е таа во која претходно има живеено и Сеск Фабрегас. Шпанецот не задоволи со своите игри во Барселона, па брзо беше продаден во Челзи. Потоа таму живеел и Томас Вермален. Дефанзивецот многу често беше повреден и немаше можност да се докаже. Потоа во куќата живеел и Андре Гомес, за кого беа дадени 40 милиони евра, а пристигна од Валенсија. Ни Гомес не се снајде, па две години подоцна мораше да си замине, и тоа во Евертон.

Сега Кутињо е најновата „жртва“ на оваа куќа.

 

- Оглас -

Најнови вести