Ѕвездата на Јуве се чувствува виновно кога ќе потроши 300 евра за една вечер

Фудбалерите во најсилните лиги во светот заработуваат огромна сума пари, иако добар дел од нив, како деца, нивните семејства немале ни половона од тие пари што сега ги добиваат. Посебно тоа се однесува на фудбалерите кои доаѓаат од сиромашните делови во светот.

Еден од таквите, кој како дете бил сиромашен, а сега заработува многу пари, секако е Алекс Сандро. Бразилецот веќе неколку години игра на врвно ниво и со Јувентус освојува медали. Левиот бек на италијанскиот првак открива дека се чувствува виновен кога ќе се сети дека тој знае да потроши по 300/400 евра во една вечер, а голем дел од луѓето во светот немаат ни за леб.

„Кога имав 15 години, станав член на Атлетико Паранаенсе. Тогаш заработував по 100 евра месечно. Клубот ми обезбедуваше смештај, храна, школарина и превоз. Од тие 100 евра, јас успевав да заштедам 50 евра. Која голема победа беше кога успеав да заштедам 100 евра и да им ги дадам на родителите за да ја поправат фасадата на куќата. Сега, многупати кога ќе излезам со семејството на ручек или вечера и ако потрошам по 300/400 евра, ќе се сетам колку многу Бразилци се во лоша финаксиска состојба, а јас трошам по толку пари за една ноќ“, вели Сандро.

 

- Оглас -

Најнови вести