Ѕвездата на Лацио поврзана со скандалот за наместени мечеви во Шпанија

Чиро Имобиле е најновото фудбалско име кое се поврзува со скандалот со наместени мечеви во Шпанија. Пред околу 20-тина дена во Шпанија беше направена голема акција во која беа уапсени многу лица, а најзвучно беше името на некогашниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво.

Полицијата успеа да обезбеди телефонски разговори за тоа како бил наместен дуелот меѓу Валјадолид и Валенсија, во последното коло од Примера, кога на гостите им беше потребна победа, за да бидат сигурни во Лигата на шампиони. Валенсија победи со 2:0, а головите кои беа постигнати беа навистина смешни.

Во деталната истрага, полицијата кај осомничените го пронашле и телефонскиот број на Чиро Имобиле. Еден од осомничените рекол дека италијанскиот репрезентативец е дел од мрежата, но тоа брзо го демантираше адвокатот на Имобиле.

„Категорично демантирам дека има некаква поврзаност на Имобиле со наместените мечеви . Ние веќе ќе превземеме правни работи против секој оној што ќе сака да наштети на угледот на Имобиле“, вели адвокатот на Имобиле.

Освен Имобиле, меѓу телефонските броеви имало и такви на играчи на Фросиноне, екипа која испадна од Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести