Ѕвездата на Манчестер има дадено повеќе голови од Роналдо

Маркус Рашфорд вчера наполи 22 години, што е само потврда дека пред него има уште многу години во кои треба да го покажува својот квалитет и талент. Иако уште нема направено нешто спектакуларно во светскиот фудбал, Рашфорд може да се пофали со еден интересен статистички подарок.

Англискиот репрезентативец има постигнато повеќе голови отколку што во кариерата имал дадено Кристијано Роналдо, до неговата 22-годишна возраст. Во чест на роденденот, Рашфорд сам си подари два гола во победата на Челзи во Лондон во Лига Купот.

Со тие два гола против Челзи, Рашфорд стигна до бројката од 52 голови во 184 натпревари. Колку за споредба, Кристијано Роналдо кога славел 22 роденден, на своето конто имал 47 погодоци, односно пет помалку од Рашфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести